| четврток, 6 декември 2018 |

„Kако да пропаднале во земја, го пребаравме секој камен, но нема трага од таткото и синот“

Седум дена нема ни трага ни глас од таткото и синот кои исчезнаа на планината Бистра.

– Kако да пропаднале во земја. Целиот случај е мистерија. Нема ни трага ни глас од 78-годишниот Љубомир и 50-годишниот Сашо, а веќе неколку дена трагаме по нив. Не најдовме ниту еден знак дека поминале по делот од планината Бистра, а теренот го разгледувавме неколкупати, велат за Дневник полициајците и жителите на Лазарополе.

Запотсетување, двајцата исчезнаа минатиот четврток откако дента од својата викендичка во Лазарополе тргнале да берат печурки на планината Бистра, а вечерта се јавиле очајно барајќи помош со зборовите „помагајте, се изгубивме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top