На најголемиот дел од дипломците на Академијата ФСБ кои организирале лудо возење со џипови службата ќе ја продолжат во Управата на ФСБ за Чукотската автономска област и во Камчатка.
На учесниците на лудувањето им било предложено да служат во пограничните реони или да си одат од службата. Практично сите ја избрале првата опција, соопшти телевизијата „Лајф“.
-За раководството на ФСБ им беше важно да ги научат дека така не смеат да се однесуваат. Одлучено е на дипломците да не им биде ускратена можноста за работа во редовите на ФСБ, соопштил извор за „Лајф“.
Притоа, дипломците може да се врата во престолнината во случај да покажат добри резултати.
ФСБ на Русија соопшти дека по предметот кршење на специјалните правила за соработници на органите за безбедност извршена е проверка на дипломците.
-Што се однесува на извршителите, преземени се основни лични одлуки за промена на нивните служби. Според раководителите на Академијата преземени се строги дисциплински мерки, еден дел од раководителите се деградирани, а останатите ќе бидат отпуштени, соопштија од ФСБ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст