Македонец од Гевгелија, кој една година живее и работи во Танзанија, бара мајстор – бурекчија што ќе прави бурек во оваа африканска земја. Тој нуди плата од 2.000 долари. Услов е мајсторот да е исто така од Гевгелија и да го прави истиот бурек што се прави во овој град.
– Идејата ми е да отворам бурекчилница во Танзанија оти такво нешто тука не постои. Не ни виделе што е бурек и колку е убаво за брза храна, освен хамбургери. Државата има сè, дури и работи што ние во Македонија ги немаме, ама нема бурек – пишува гевгеличанецот Ристо Вегов.
Неговиот „оглас“ е објавен на групата на Фејсбук „Лафум гивгилиски и не са замарум“, именувана според автентичниот дијалект што таму се негува. Огласот веднаш побуди голем интерес.
Бурекчијата што ќе се нафати да работи во Танзанија ќе добие платена авионска карта дотаму, стан, платен превоз до работа и назад, комплет документи за работа, виза за престој и логистичка помош да стигне дотаму.
Како што пишува Вегов, тој работи во казино, ама сака да отвори приватен бизнис и смета дека во тоа ќе има напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст