| четврток, 6 декември 2018 |

Се молат граѓаните на БиХ да не ловат покемони во мински полиња!

mine

Корисници на апликацијата Покемон Гоу во БиХ навлегуваат во мински полиња за да бараат покемони, се наведува од организацијата „Посавина без мини“.

„Се молат сите граѓани да не го прават тоа и да ги почитуваат поставените знаци за опасност од мини и да не влегуваат во области кои не им се познати, предупредуваат од организацијата.

Апликацијата Покемон Гоу за само неколку дена стана глобален феномен и предизвика вистинска хистерија во целиот свет. Луѓето масовно бараат и собираат покемони. Играта функционира на тој начин што играчот ја вклучува геолокацијата на мобилниот телефон, по што на телефонот се прикажува мапа по која играчот оди и бара покемони.

Кога ќе го пронајден се префрла во виртуелна реалност на екранот благодарение на камерата на телефонот се гледа вистинскиот простор во кој играчот се наоѓа, но и покемонот кој може да биде во грмушка, во фонтана, на улица…
Кога играчот ќе му се приближи доволно блиску, околу покемонот ќе се појави круг и играчот мора да ја фрли неговата виртуелна покемон топка што ќе се појави на екранот. На неа играчот мора да кликне со прстот додека покемонот не го фати и не го стави во покемон топката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top