| четврток, 6 декември 2018 |

Еврото порасна на берзите

evropska-centralna-banka2На пазарот за пари еврото значително порасна. Според анлизите најавата на нови мерки за поттикнување на економиите во еврозоната предизвика осцилации на курсот на валутата. Одлуката на Европската централна банка да ја намали основната каматна стапка на ниво од 0,50 отсто, предизвика раст на  курсот на еврото над нивото од 1,32 долари.

Така,  во однос на американскиот долар еврото порасна за 0,7 отсто и се продава за 1,311 долари, додека во однос на јапонскиот јен еврото забележа раст од 1,7 отсто, и се продава за 129,85 јени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top