| четврток, 6 декември 2018 |

Груби по средбата: Разговорите се одвиваат во позитивна атмосфера, блиску сме до договор

Разговорите се одвиваат во многу позитивна и конструктивна атмосфера и стигнати сме многу блиску до договор, изјави Артан Груби од ДУИ пред денешното продолжение на меѓупартиските разговори во Клубот на пратниците.

– Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или утре што ќе значи единствена можна дата за одржување избори годинава е 11 декември, затоа што сите други датуми се невозможни за одржување на избори. Се надевам дека посебно двете македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе се надминат себеси затоа што разликите се минимални, рече Груби.

Според него, денеска или најдоцна утре може да се постигне договор за двете отворени прашања – за надлежностите на министерот за внатрешни работи и за мандатот на техничката влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top