| четврток, 6 декември 2018 |

Црвено-црните пристигнаа во Загреб (ФОТО)

Фудбалерите на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, Вардар, утрово пристигнаа во Загреб, каде што утре во 20.45 часот на стадионот „Максимир“ го играат реванш-натпреварот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите против Динамо.
Полни со оптимизам вардарци ветуваат дека ќе дадат сѐ од себе за да бидат конечни победници во двомечот со хрватскиот првак и да продолжат во следната фаза.
Првиот дуел, кој се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје заврши со триумф на Хрватите од 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top