Данаска е тешко или невозможно да се докаже дека некогашниот британски премиер Винстон Черчил привремено го прогласил апартманот во најлуксузниот хотел, „Клериџис“, за територија на Југославија за престолонаследникот Александар да може да биде роден на своја почва и веднаш да добие титула принц, пренесува Би-Би-Си.
Черчил, имено, тогаш му направил услуга на југословенскиот крал Петар Втори со наредба апартманот 212 во лондонскиот хотел да се прогласи за територија на тогашна Југославија само на еден ден.
Меѓутоа, скоро е невозможно денеска да се најдат докази кои ќе ја поткрепат оваа приказна, пренесува Би-Би-Си и ја цитира изјавата на престолонаследникот Александар, кој вели: „За жал, сви документи одамна исчезнаа од канцеларијата на татко му“.
Во британските весници има текстови кои би можеле да индицираат такво нешто, зашто во некои пишува дека британскот кралство се смалува за сметка на југосливенското и дека влезната врата на апартманот претставува интернационална граница, па собната послуга која се подготвува во една земја се служи во друга.
Хотелска соба како престојувалиште
Во текот на Втората светска војна кралот Петар Втори имал 17 години, па заедно со владата ја напуштил Југославија и избегал во Лондон, каде што години подцна неговата жена, кралицата Александра го родила принцот Александар во апартманот 212 во „Клериџис“ (Claridge’s), хотел кој тогаш, а и сега важи за еден од најпрестижните.
Приказната за апартманот 2012 стои на сајтото на принцот, во официјалната историја на хотелот и во безброј книги, но докази дека апартманот 212 во Лондон бил југословенска почва на еден ден, е постојат. Договорот не се спомнува ниту во Хансардата, официјален записник на дебати во британскиот парламент, ниту во Черчиловата биографија, ниту во дневниците на приватниот секретар на британскиот крал Џорџ Шесто, кој му бил кум на принцот Александар Караѓорѓевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.