| четврток, 6 декември 2018 |

Сите зборуваат за чевлите на британската премиерка (фото)

Тереза Меј, британската премиерка, која на таа функција дојде по оставката на Дејвид Камерон, е во центарот на вниманието не само поради позицијата што ја зазема, туку и поради својот стил. Најголемо внимание привлекоа нејзините чевли.

premierka_cevli1-610x407

Тереза, која пред четири дена добила барање од кралицата Елизабета Втора да формира влада и така официјално стана премиер на Англија, при таа средба носела елегантна тегет-жолта облека и се појавила во чевли со дезен на леопард.

Британската јавноста чевлите на новата премиерка ги доживува како вистинска сензација. Иако штотуку ја презеде должноста, по секое нејзино појавување, нејзините чевли оставаат еден од најголемите впечатоци.

premierka_cevli2-610x818

Меѓутоа, не се нејзините чевли со дезен на леопард победник во оваа приказна. Премиерката два дена по средбата со кралицата во Шкотска се појавила во црвени лакирани чевли.
Чевлите со впечатливa боја, но со дискретна потпетица, ги превлекувале погледите додека течел нејзиниот состанок со шкотската премиерка Никола Стурџон.

premierka3-610x927

Откако стана премиерка, Тереза прошетала и во едни „обични“ чевли, кои ги искомбинирала со интересен мантил и фустан.

cevli-2-610x425

Околу Тереза Меј работа ќе имаат политичките аналитичари, но и модните стручњаци, бидејќи премиерката својот изглед не го сфааќа „здраво за готово“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top