Полицијата ја разгледува верзијата дека напаѓачот, кој во неделата во Батон Руж, во американската сојузна држава Луизијана, уби тројца и тешко рани уште толку полицајци, намерно се јавил во службата за итни случаи на месото каде што подоцна ги застрела, а е идентидикуван како поранешен маринец, кој служел во Ирак.
Изворот од полицијата на агенцијата „Ројтерс“ првиот извештај за вооружено лице на посочената адреса бил пријавен во 8,40 часот утрото по локално време (15,40 часот по македонско време). Полицајците дошле на местото за само за неколку минути.
Потоа во Батон Руж се случи престрелка во која, според последните информации, се убиени тројца полицајци кои починале во болница од здобиените повреди, а седум нивни колеги се ранети од кои еден е во критична состојба.
Како што рекол соговорникот на агенцијата запознаен со истрагата полицијата „има причина да верува дека повикот до службата 911 бил намерен, за да се намами полицијата“.
Полицијата објави дека уапсила две лица во Луизијана во врска со пукањето во Батон Руж, кои се осомничени дека се соучесници во нападот. Напаѓачот што е убиен во престрелката е29-годишниот Гејвин Лонг од сојузната држава Мисури.
Тој три години бил припадник на маринскиот корпус. Според локалните медиуми, Лонг стапил на служба во 2005 година, а во периодот 2008/2009 година шест месеци престојувал во Ирак. Тој бил отпуштен од воената служба со добри карактеристики во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст