| четврток, 6 декември 2018 |

Наредба: Истанбулската полиција ќе соборува хеликоптери без предупредување

Началникот на безбедносните сили на турскиот мегалополис Истанбул издал наредба да се соборуваат хеликоптери, а во градот во текот на ноќта кон понеделникот се распоредени дополнителни 1.800 припадници на специјалната полицијата, објави агенцијата „Анадолија“.

Специјалните сили се распоредени во Истанбул од соседните покраини и се стационирани околу стратегиски најважните објекти и улици на градот. Во Истанбул во текот на ноќта, исто така, се распоредуваат и воена техника и опрема.

На улиците на Истанбул патролираат засилени полициски единици, јавуваат медиумите.

Според изворот на агенцијата, началникот на истанбулската полиција дал наредба без предупредување да се соборуваат сите хеликоптери што ќе се кренат во воздух без одобрение.

Не е познато дали овој потег на безбедносните служби е поврзан со информацијата од неделата во турските медиумите, дека воените власти немаат контрола над најмалку 42 борбени хеликоптери што ноќта кон саботата ги користеле заговорниците на неуспешниот обид за воен преврат, што предизвика шпекулации и загриженост за можна подготовка на нов воен удар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top