Менџментот на фирмата „Хербалајф“ се согласи да плати 200 милиони долари, да го смени начинот на работење, како и да ги намири побарувањата на сојузните регулатори, бидејќи ги доведувале луѓето во заблуда дека брзо ќе се збогатат продавајќи ги нивните производи.
Компанијата „Хербалајф“, како што наведуваат федералните агенти во својата тужба, ги доведувала во заблуда луѓето за да станат нејзини дистрибутери или членови. Им покажувале снимки и брошури од нивните дистрибутери што живеат удобно. На снимките биле палати, фенси автомобили и сите можни угодности, додека вистинската состојба била многу поинаква.
Имено, како што наведуваат федералните агенти, голем број луѓе дури биле во загуба или заработувале многу малку.
„Хербалајф“ ќе може да продолжи да работи доколку сите тврдења со кои ги привлекува идните соработници бидат вистинити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст