| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајна несреќа: малолетници пиеле и се превртеле со автомобил

soobrakajkaВо кумановско Ново Село, на регионалниот пат Скопје – село Никуштак-Куманово, во близина на „Икина викендица“ вчера во 22.15 часот  се случила сообраќајна несреќа во која 16-годишник од кумановското село Љубодраг управувајќи „ауди А-4 авант“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.А. од Скопје, изгубил контрола над возилото,  излетал од патот и се превртел.

По незгодата, сопатникот од возилото, 14-годишник од Горња Радгона,  Словенија, е пренесен во Ургентниот центар во Куманово и констатирани му се тешки телесни повреди на череп, опасни по живот,. По укажаната лекарска помош како итен случај е упатен во Ургентниот центар Скопје.

Увид на местото на настанот е извршен од екипа при СВР Куманово. По претходно добиено овластување на јавен обвинител од Куманово, од малолетниот возач е земена крв за анализа и констатирано е присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top