
Во американскиот град Бејкерсфилд, непознати лица пукале од возило, при што раниле најмалку 14 луѓе. Нападот се случил за време на една прослава во споменатиот град во сојузната држава, Калифорнија. Ова го соопшти РИА “Новости”, повикувајќи се на телевизискиот канал KTLV 5.
Инцидентот се случил околу 1 часот по полноќ по локално време, а луѓето биле на улица кога одеднаш од автомобил бил отворен оган.
Според првичните податоци во автомобилот од кој е пукано имало неколку луѓе. Сите повредени се пренесени во болница, а состојбата на двајца од нив е тешка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


