| четврток, 6 декември 2018 |

Геце се враќа дома, потпиша петгодишен договор со Борусија Дортмунд

Gece

Марио Геце ги напушти редовите на Баерн Минхен, и повторно се враќа во редовите на Борусија Дортмунд, три години по „предавството“, пишува германски „Билд“.

Според „Билд“, Геце веќе потпишал петгодишен договор со „милионерите“ и само се очекува официјална потврда на трансферот. Борусија на Баерн за овој трансфер ќе му исплати 28 милиони евра.

Многумина веруваат дека најдобриот дел од кариерата на Геце дури сега престои. Иако за 24-годишниот фудбалер беа заинтересирани Тотенхем и Ливерпул, на крајот се чини дека Геце со овој потег сакаше да се „извади“ за својата грешка од пред три години и заминувањето во редовите на најлутиот ривал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top