Повеќе од 300 лица биле повредени во терористичкиот напад во Ница кој се случи во четвртокот вечерта, соопшти франсуското министерство за здравство.
Во нападот напаѓачот се залетал со камион и ги газел луѓето кои биле излезени на прославата на францускиот државен празник. Тој уби 84 луѓе, меѓу кои повеќе од 10 деца.
– Како резултат на терористичкиуот напад од 14 јули, вкупно 303 пациенти беа примени во болниците. Од нив, 121 лице сеуште се во здравствените установи, вклучувајќи и 30 деца. 26 лица се на интензивна нега, од кои 5 се деца, соопштило министерствоо.
Како што беше и претходно објавено, одговорноста за овој напад ја презеде терористичката група на ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст