| четврток, 6 декември 2018 |

Војниците се повлекуваат од повеќето улици во Истанбул

Војската ги нападна сите полициски станици и ја презеде контролата над сите сили на полицијата.

Како што јавува репортерот на српски „Курир“ од Истанбул, војската на Турција околу 00.50 часот почнала да се повлекува од улиците на Истанбул. Засега е нејасно дали станува збор за тактичен маневар на воената хунта која вечерва ја презеде власта!

 Репортерот на српски Курир додава дека по Истанбул меѓу обичните граѓани се зборува дека вечерашниов настан е всушност „Маневар на Ердоган“ и дека тој планира за неколку дена да се врати како голем победник и така да ја зацврсти својата власт.

Се шпекулира дека Ердоган е одведен на тајна локација, најверојатно во морнаричка база.

Војската влезе и се распореди на главниот плоштад Таксим во Истанбул, јави Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top