По денешниот страотен хорор кој се случува во Истанбул, Ројтерс потсетува на државните удари во Турција.
1960 година: На 3 мај 1960 командантот на копнените сили ген. Џемал Гурсел инсистираше за политички реформи и поднесе оставка, кога неговите барања беа одбиени. На 27 мај беше извршен воен удар, предводен од вработени и кадети во воената академија во Истанбул и Анкара. Лидерите основаа 38 член Комитет на национално единство со претседателот Гурсел. Од вкупно 601 лица судени, 464 беа прогласени за виновни. Тројца поранешни министри, вклучувајќи премиерот Аднан Мендерес, беа егзекутирани, а 12 други, вклучително и претседателот Џелал Бајар, добија смртни казни, подоцна заменети со доживотен затвор.
1971 – „Удар со меморандум“: Армијата испрати предупредување до владата да го врати редот по штрајковите и уличните борби меѓу левичарите и националистите кои траеја со месеци. Неколку месеци подоцна премиерот Сулејман Демирел се повлече и беше формирана коалиција од конзервативни политичари и технократи, која требаше да го врати редот под надзор на војската. Во неколку области беше воведена воена состојба, што не беше целосно укината до септември 1973 година.
1980 година: На 12 септември 1980 година високата команда на армијата, предводена од ген. Кенан Еврен, оствари државен удар. Тој следи по обновувањето на уличните борби меѓу левичари и националисти. Некои раководни политичари беа приведени, а Парламентот, политичките партии и синдикати – распуштени. Управувањето беше преземено од петчлен Национален совет за безбедност, кој привремено го прекина почитувањето на Уставот и започна да применува привремен устав, обезбедувајќи им речиси неограничена власт на воените команданти.
1997 – „Постмодерен удар“: На 18 јуни 1997 година, премиерот Неџметин Ербакан, определен од противниците како закана за секуларниот режим на земјата, се повлече под притисок на армијата, бизнисот, судството и политичарите. Генералите сметаа дека се принудени да дејствуваат за да ја заштитат секуларната држава, основана од Мустафа Кемал Ататурк.
2010 година: На референдум на 12 септември 2010 година беше одобрена уставна реформа, која го отвори патот за судење на раководителите на воениот удар од 1980 година. Дотогаш турскиот устав, составен под влијание на војниците и усвоена во 1982 година, содржеше член кој ги заштити Кенан Еврен и извршителите на ударот од евентуално гонење.
4 април 2012 – Во суд во Анкара започна судски процес против Кенан Еврен и Тахсин Шахинкаја под обвинение за „злосторства против државата“. Обвинителството побара за двајцата пресуди доживотен затвор со строг режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст