| четврток, 6 декември 2018 |

Армијата тврди: Високи државни функционери се наши заложници

Се уште владее голема конфузија во информациите кои пристигнуваат од воените власти во Туриција. Еден канал е воспоставен со новинарите и офицерите кои го покренале воениот преврат тврдат дека власта е веќе преземена.

Постојат тврдења дека висок воен претставник на Ердоган е заробен од страна на побунетите војници, а други пак тврдат дека главните офицери на пучот се неутрализирани. Армијата исто така тврди дека како заложници се земени високи државни функционери и политичари.

Социјалните мрежите во Турција се речиси целосно блокирани, корисниците се обидуваат да комуницираат преку преку сервери, додека пак државната ТРТ телевизија не емитува програма и е освоена од армијата. Додека се одвива воената драма се тврди дека Ердоган е на безбедно во летувалиштето Бодрум каде е на одмор. Еден извор од кабинетот најави дека наскоро обраќање на претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top