Најмалку 84 лица се убиени, вклучувајќи и десет деца, кога Мухамед Булел со камион влетал во маса луѓе кои го славеле Денот на републиката. Голем број луѓе се собрале на познатата Променада да го гледаат огнометот кога се случил вистински масакр.
Сеуште не се идентификувани сите жртви, а поединечни имиња почнаа да се објавуваат во јавноста.
Шон Копеланд (51) и Броди (11), татко и син од Остин, Тексас, беа меѓу првите идентификувани.
Фатима Чарихи (84) е следна на досега објавениот список.
Франсис (82) и Кристијан (78) Лоцатели загинале заедно со ќерката Вероника Лион (55) и внукот Мишел Пелегрини (28).
Жан-Марк Леклер е уште еден од жртвите на нападот во Ница, на списокот е и Роберт Марчанд (60), како и Викторија Савченко (21), студентка од Русија.
На списокот жртви е запишано и името на Линда Касанова (54) од Швајцарија.
Како што пренесуваат медиумите, многу луѓе сеуште се водат како исчезнати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.