Едно лице загина во судар на патнички воз и автомобил попладнево, меѓу селото Дуброво и Демир Капија.
Денеска, околу 18 часот меѓу село Дуброво и Демир Капија, на обележан железнички премин, возот бр.634 удрил во патничко моторно возило „Рено Канго“, при што на местото е починато едно машко лице. Увид ќе се врши, а железничкиот сообраќај е во прекин, информира МВР.
Сударот го потврди и директорот на патнички сообраќај при Македонски железници-транспорт Кире Диманоски.
– Судирот бил на патен премин, а засега не можат да се дадат повеќе детали за случајот, рече Диманоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст