| четврток, 6 декември 2018 |

Лејла од „Вест“ направи насловна со фотографија од Република, а Дунавка ѝ замери за црвените гаќички

Познатата македонска манекенка Дунавка Трифуновска преку својот Фејсбук профил одговори на вчерашната насловна на весникот „Вест“, каде беше објавена  фотографија на Република од отварањето на Охридско лето со круна на главата.

Дунавка преку Фејсбук и се обрати на уредничката на рубриката „Живот“ во „Вест“, Лејла Сабит, со фб статус напишан во стилот на колумните на Сабит.

Фб статусот ви го пренесуваме во целост:

А, да.

За ова лето задолжително Ви треба

Супер-мен, кој ќе се симне од Австрија и во 5:30 сабајле ќе Ве разбуди на домафон и ќе ВИ каже – одиме кај сакаш за да правиме што сакаш,

Супер- кола,

Супер -плажа,

Супер -град,

Супер -ветар,

Супер -фустан НАНА,

Супер – аксесорис од Олимпија,

Супер – поклон -килоти во црвена боја,

И црвен лак за нокти, црвен кармин и луѓе со иста таква страст за да те направат посебна и поважна од Елина.

ВИ благодарам

п.с Бисери не Ви требаат, тие се носат „под рака“…

кога веќе сакате да бидете Холивуд папараци.

Убаво и било на Мерлинка и на Шерон.

Инаку луѓето во минатиот век паѓаа на поза

На жена треба да се паѓа.

Само внимавајте како мажи.

А јас за ВЕСТ, и за главната уредница секогаш сликам во долен веш.

Само овој андервер не е за Вас.

За тоа треба да се договориме како две дами, нели?

Вие бевте дами.

Јас сум светска женска. Ок?

Благодарност до Првата дама на ТЕА МОДЕРНА.

Без тајни, табуа, заблуди, целулит, комплекси итн.

И баш такви жени сакам.

Ве сакам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top