Британката Луси Несбит Комански која се наоѓа на одмор во Ница, за телевизијата „Скај њуз“ даде шокантна изјава поради која стана една од најопразените личности на интернет.
– Знам дека ова е грозно од мене и по малку себично, но нападот во Ница ни ја расипа шопинг-турата – изјави Комански и предизвика лавина од критики.
Кога сфатила што направила, се извини во јавноста по фејсбук, но тоа не и помогна многу.
– Мое искрено сочувство до францускиот народ и луѓето кои во нападот во Ница ги загубија своите најблиски. Многу ми е жал што мојата изјава за „Скај“ звучеше бесчувствително. Бев во целосен шок – изјави Британката.
Таа со пријателката непосредно пред нападот планирала да го гледа огнометот.
– И реков на пријателката, ова не звучи како огномет, туку како Бејрут под опсада – изјави таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.