| четврток, 6 декември 2018 |

Нов државен рекорд на Блажевски, а сепак нема да патува во Рио

marko blazevski

Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски продолжува со успешните настапи на пливачките митинзи, кои традиционално се организираат во светот со цел подобра подготовка на олимпијците пред ЛОИ во Рио де Женеиро.

Тој на пливачкиот митинг во Гринзборо 200 метарската патека во мешовит стил ја помина за 2:02.98 минути, што претставува нов државен рекорд на нашата држава.

Сето тоа беше потврдено со првото место и тоа на убедлив начин. Зад него, помалку од две секунди заостануваше Хасан Мухамед (2:04.27) додека Форд Клејтон патеката ја мина за 02:06.64 минути.

– Нов државен рекорд на 200 метри мешано. Зборови и пораки лесно се игнорираат, но се надевам дека делата имаат поголемо значење. Македонски Олимписки Комитет, дали е ова доволно?” напиша Блажевски на социјалните мрежи.

Како што е познато, Марко не доби покана од МОК за да биде дел од тимот кој што ќе не претставува на Олимписките игри, иако има остварено Б норма за во Рио де Жанеиро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top