Милан Ѓуриќ од Сомбор после Егзит фестивалот во Нови Сад објави статус кој го запали Фејсбук.
Имено тој ја бараше девојката со која една фестивалска ноќ играл, а освен облеката која ја носела на себе, не се сеќавал на нешто друго.
После кратко време неговата приказна направи вистински бум и сите сакаа да му помогнат да ја најде девојката.
Сега Милан открива што се случувало откако го објавил прочуениот статус.
-Се случи тоа да одреагирам навистина онака како што одреагирав на моите емоции и да го објавам тој статус. Одеднаш сосема неочекувано, масата почна да лајкува и шерува. Немав поим што се случува и не сфатив на почетокот што се случува. Ја пронајдов откако по три дена ми се јави нејзин другар и ми прати нејзина фотографија и ме праша дали е тоа таа. Прво ги испратив другарите кои беа со мене да се уверат дали се работи за девојката што ја барав и тие ми потврдија дека се работи за истата личност. Успеав да го најдам и нејзиниот број- рекол Милан.
После тоа се случил и првиот контакт.
-Почнавме да се допишуваме за се. Девојката рече дека тоа сега одеднаш и е голема еуфорија и дека незнаела за тоа бидејќи немала Фејсбук. Повозрасна е од мене и мислам дека тоа сега најмногу и пречи, колку што можев да заклучам. Моментно не сака ништо додека ситуација не се смири. Јас се надевам и би сакал во скоро време да се запоазнаеме и да докажаме дека сето ова се исплатело, бидејќи многу ми се допаѓа. Ете само може да додадам дека ќе се потрудам да ја наговорам да се запознаеме и да сфати колку сум упорен да и ги докажам сите емоции – заклучува Милан и додава дека не се надевал на толку внимание, но дека му годи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.