| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е една од најубавите улици во светот, а денеска е река на крвта

ulica vo nica

Најмалку 84 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се поврдени во синоќешниот напад кога камион влета во маса луѓе во Ница, кои го гледале огнометот по повод прославата на националниот празник. Нападот се случил на Англиската променада, една од најубавите улици во светот.

Застрашувачки е податокот дека камионот тежок цели 19 тони се движел со брзина од 40 до 50 километри на час, успеал да помина два километра газејќи невини жртви. За време на нападот на шеталиштето имало неколку илјади луѓе, меѓу кои имало голем број семејства и туристи во екот на летната сезона. По крвавиот напад, на улиците останале огромен број тела, меѓу кои имало и многу деца.

Promenade des Anglais along the Mediterranean Sea at Nice, France.

Инаку познатата Англиска променада е популарна улица што се протега 7 километри покрај Медитеранот и го поврзува аеродромот со градот. Популарно шеталиште каде што пешачат семејства, се возат велосипедисти и скејтери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top