| четврток, 6 декември 2018 |

Имал криминално досие: Напаѓачот од Ница е Мухамед Лауеј Булел и се чини не бил сам

Напаѓачот од Ница се викал Мухамед Лауеј Булел (31) имал двојно државјнаство на Франција и на Тунис и живеел на северот на Ница, објави весникот „Ница матен“, кој се повикува на полициски извори.
Најверојатно, Мухамед го изнајмил камионот во средата недалеку од Ница, работел како возач, а и порано ѝ бил познат на полицијата, но ниту еден од престапите што се евидентирани не е радикален и не е поврзан со тероризам.
Наводно, имал тригодишно дете.
Сè уште се утврдва дали имал соучесници, а во тек е распит на негови блиски.
Во камионот освен неговите документи била пронајдена уште една лична карта, но полицијата не прецизира чија е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top