Мирјам Гроснер ќе биде следната невеста. Светската шампионка во биатлон и сопственичка на сребрена олимписка медаља во крос кантри скијање, го фати бидермаерот на свадбата на Швајштајгерови во Венеција.
Мирјам е во врска со Феликс Нојројтер, германски алпски скијач, кој е добар пријател и кум на Бастијан Швајнштајгер. Не само што на кумот му изгоре кесето, туку прими и повеќе од јасна порака дека тој е следниот во редот за лудиот камен. Поради тоа веројатно и направил ваква фаца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.