По крватиов масакр што се случи во четвртокот доцна навечер на шеталиштето во Ница, Франција, во кој беа убиени 84 лица, францускиот град се разбуди во шок, како и остатокот на светот.
Најмалку 84 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во францускиот град Ница кога неидентификуван напаѓач со камион влетал во полното шеталиште, па пукал, на одбрлежувањето на годишнината на Падот на Бастилја.
Трагите од крвавиот напад уште се видливи по улиците на Ница. Граѓаните се многу загрижени, а се забележува значително присуство на полицијата во градот.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во вонредното обраќање до јавноста изјави дека хорор уште еднаш ја погодил Франција.
Уште никој не ја презеде одговорноста за нападот во Ница, а полицијата врши увид и истражува дали напаѓачот имал соработници.
Светските лидери изразија жалење, тага и солидарност со Франција по нападот во Ница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.