| четврток, 6 декември 2018 |

Разузнавачите предупредуваат: ИСИС ја менува стратегијата – „доаѓаме во вашите земји“!

 

afrika isisИСИС прави план Б во случај на губење на калифатот, предупредуваат американските експерти за тероризам и тврдат дека последните напади се одговор на поразите кои ИСИС ги доживува во Сирија и Ирак. Тие исто така проценуваат дека таквите напади ќе продолжат, може и да се засилат, додека ИСИС истовремено се трансформира од квазидржава со територија која е контролирана од терористичката мрежа чии ќелии дејствуваат на три континенти.

Експертите заклучуваат дека се додека губењето на територијата на ИСИС значи и голем финансиски удар, што го отежнува регрутирањето и планирањето операции, до тогаш ИСИС ќе остане опасен. Високите претставници на ИСИС во своите јавни обраќања пак, тврдат дека калифатот останува одржлив и истовремено тврдат дека со последните воени порази се принудени да ја променат стратегијата.

-Додека се напаѓа нашата темелна структура во Ирак и Сирија, решивме да ги прошириме и префрлиме нашите командни, медиумски и економски структури во други држави, изјави неодамна висок оперативец на ИСИС.

Анонимниот припадник на ИСИС во интервју за западни медиуми рекол дека е сеедно дали седиштето на ИСИС ќе остане во Рака или ќе биде префрлено некаде во Северна Африка или пак на трето место.
– Пораката до сите членки на коалицијата против нас е дека тоа нема да ви го заборавиме. Ќе дојдеме во вашите земји и ќе ви зададеме страшен удар на овој или оној начин, рекол милитантот.

Разузнавачите во Европа стравуваат дека во Исламската држава веќе е во тек новата фаза.
– Сега своето дејствување ќе го префрлат на друга тактика и ќе почнат да изведуваат многу опасни операции во големите градови. Тие веќе го презедоа следниот чекор, тврдат разузнавачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top