| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Драгиќ го загубил паричникот во Шибеник, за негова среќа сеуште постојат чесни луѓе

goran dragic

52-годишниот Марин Пирија, чистач на плажата Сланица во Шибеник пред неколку дена пронашол паричник полн со пари и картички кој му припаѓал на познатиот НБА кошаркар, Словенецот Горан Драгиќ (30), јавуваат хрватските медиуми.

– Беше околу 6.30 часот наутро. Го собирав ѓубрето од плажата Сланица која на плажата во близина на еден ресторан здогледав паричник. Кога погледнав внатре, видив пари во странски валути, лична карта, неколку банковни картички, пасош, здравствена книшка и други документи. Го ставив во џеб и продолжив да ја чистам плажата, а на крајот од сменат паричникот го предадов во управата на комуналното претпријатие – изјавил Пирија за порталот „Рудинапрес.хр“.

Вработените во комуналното претпријатие „Муртел“ го контактирале кошаркарскиот сојуз на Словенија од каде го добиле телефонскиот број на Драгиќ, му се јавиле и му го вратиле паричникот. Но, чесниот наоѓач го дочекало пријатно изненадување.

– Горан за мене оставил плик во кој оставил пари како награда, број на телефон и порака дека би сакал да се најде со мене – изјавил Пирија не сакајќи да каже за колкав износ станува збор, но може да се претпостави дека станува збор за убава сума со оглед на тоа што Словенецот минатата година потпиша договор тежок 90 милиони долари.

На крај со НБА кошаркарот се сретнало целото семејство Пирија – Марин, сопругата и неговите два сина, а кошаркарот на „Мајами хит“ бил воодушевен што сè уште има чесни луѓе.

– Се заблагодари и неколку пати повтори дека сè му било во тој паричник. Замислуваше во какви проблеми би се нашол како странец без ниту еден документ, без пари, без картички. На мојот син му се потпиша на топката и подели уште неколку автограми – раскажал Пирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top