Не се злоупотребени средства од ИПАРД, туку се спречени два обида за измама, соопшти денеска Платежната агенција по изјавите во некои медиуми за наводна злоупотреба на средства од ЕУ при набавка на стара, наместо нова механизација.
– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој откри сомнителните случаи за обид за измама при користење средства од ИПАРД програмата и тие се проследени до Управата за финансиска полиција како надлежен орган за спроведување истрага. По откривањето на сомнителните случаи, сопрена е исплатата за цел контигент на овој вид механизација, во насока на заштита на финансиските интереси на Европската унија и на Република Македонија, наведува Платежната агенција.
Како што објаснува, во двата конкретни случаја за кои се зборува во медиумите, не станува збор за злоупотреба на средства на Евпропската унија, туку за обид за измама, со оглед дека корисниците не се исплатени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.