| четврток, 6 декември 2018 |

Социјалната помош од денеска е зголемена за пет проценти

Министерот Спасов при посетата на Кочани направи обиколка на Центарот за социјални равботи кој се реновираше во изминатите месеци како проект на Владата и Министерството

– Социјалната помош од денеска е зголемена за пет проценти. Паричните средства во износ од 59 милиони денари се веќе обезбедени и со ова зголемување досегашното зголемување од 2006 година  изнесува 70 проценти – изјави министериот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денеска го посети во Кочани реновиораниот Центар за социјални работи.
Спасов најави дека до крајот на месецот ќе биде исплатена и ветената постојана парична помош со зголемување од пет проценти средства во висина од 17 милиони денари, обезбедени од државниот буџет.
Министерот за труд и социјална политика истакна дека Владата води сметка и за останатите ранливи категории на граѓани, а  за пензионерите најави дека во декември со ноемвриската пензија ќе биде исплатено ветеното зголемување на пензиите за пет процнети.
Министерот Спасов при посетата на Кочани направи обиколка на Центарот за социјални равботи кој се реновираше во изминатите месеци како проект на Владата и Министерството.
– Во наредниот период ќе бидат реновирани вкупно 28 објекти во државата, од кои 18 центри за социјална работа и 10 центри за дневен престој на деца со пречки во развојот. За оваа намена ќе бидат искористени средства во износ од 1 милион евра, од кои 800 илјади евра се од Европската унија, изјави Спасов.
Инаку, во Кочани со средства од Владата и Министерството за труд и социјална политика целосно се реновирани Центарот за вработување и Центарот за социјална работа со што и услугите на граѓаните кои ги добиваат во нив се значително подобрени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top