Велешанка загина, а нејзиниот сопруг е повреден во несреќа со трактор што се случила вчера наутро околу 8 часот, во велешкото село Раштани.
Случајот во полиција го пријавила екипа на Итната медицинска помош, која интервенирала.
Тракторот марка „ИМТ 539“ со велешки регистарски таблици се превртел, а во несреќата на местото починала шеесет и четиригодишна жена, а нејзиниот сопруг, исто така, на шеесет и четиригодишна возраст, се здобил со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од СВР-Велес и ЈО по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


