Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од 15 јули 2016 година, ќе читате:
Никој повеќе не му верува на аболираниот
Дали Нуланд гарантира за зборот на Заев?
По посетата на Нуланд стана јасно дека избори во ноември бара меѓународниот фактор, а не Заев. Токму затоа јавноста треба да има предвид дека дури и да се постигне некаков нов договор, судејќи според претходното искуство, Заев и СДСМ ќе направат сѐ за да спречат одржување фер и демократски избори и за тоа повторно ќе ја обвинат ВМРО-ДПМНЕ. За време на преговорите ќе направат, дури и ќе ветат сѐ, за повторно да влезат во некаков вид техничка влада, но прашање е на време кога повторно ќе се повлечат од договореното и ќе почнат да го оспоруваат одржувањето на изборите.
Кулминира „револуционерниот“ очај
СДСМ сонува за „Специјална Македонија“
Специјалната војна не подразбира специјални судови, обвинителства и полиции, но некој во СДСМ, очигледно, повторно забошотувал на часови. Така, во партијата си разбрале дека специјалната војна подразбира сѐ да ти било специјално. На ова ги поттикна и „придобивката“ на СЈО, кое многу им се допадна, но поради недостигот од докази, удрија во нова статива. Пречка, поддржана од мнозинство народ, кој поведен од горкото искуство и ред историски местенки, научил да биде реален скептик и да не паѓа на евтини холивудски сценарија. Соочени со големата, непремостлива пречка, која до израз доаѓа најмногу за време на избори, партијата со комунистичко минато си посака специјален суд, кој треба да ги пополни дупките во неаргументираноста на Јанева. Бараа „Преки суд“, но не наидоа на разбирање, па по принципот – побарај повеќе за да добиеш помалку, си побараа и специјална полиција. Можеби некаква реминисценција на ОЗНА?
Исламската држава се посилна на Балканот
Без поддршка на ЕУ, регионот може да пламне
Ако е среќна околност што во моментов Балканот не е дел од приоритетите на ИСИС, прашање е што ќе се случува кога Европската унија по терористичките напади во Париз и во Брисел херметички ќе ги затвори сите опции за напади на европска територија. Според стручните лица, во неможност да се убиваат луѓе во Рим и во Берлин, треба да се очекува активирање на балканскиот фронт, кој е добра подлога за ширење на радикалната пропаганда. Во тој случај, приоритетна цел на ИСИС и на други радикални структури би биле симболи на приврзаност со европските вредности, но, пред сѐ, врвни политичари што се залагаат за либерални западни идеи, луѓе што одобриле вклучување на националните армии во операции каде што гинат исламски борци или луѓе што јавно се залагаат за вредности спротивни на Исламската држава, борци за права на жени и слично.
Афера „Цареви кули“
Пред фактите и црпнатите молчат
Што сè се крие зад легализирањето потпишано од Заев во најновата афера? Имајќи предвид на кој начин функционира струмичката администрација и особено нејзиниот градоначалник, инаку и лидер на македонската опозиција, Зоран Заев, веројатно зад легализацијата на хотелскиот комплекс „Цареви кули“ се крие многу поголем скандал и криминал со кој би требало да се занимаваат сите соодветни институции во државата. Без задршка, со овој случај треба да се занимава и самата опозиција, чијшто лидер е Заев, особено ако се има предвид дека не само што ѝ наштети политички и на партијата и на државата, туку и бесрамно ја злоупотребува за да ги скрие своите криминални дејства.
Интервју, Ацо Станковски – уметник
Кризата во Македонија е дел од театрум мунди
Од оваа страна имаме една принципиелност, трпение и толеранција, а од друга страна една крајна фрустрација, неможноста за контрола, агресија за да се предизвика еден впечаток кај меѓународните медиуми и да им даде аргумент за репресивна, неоколонијална меѓународна акција. Тоа е добро подготвувана акција, која треба да ја урне легално избраната влада на Македонија. А тоа е огромен проблем за домашната опозиција не само поради тоа што опозицијата нема капацитет, туку и бидејќи е дискредитирана во македонската историја, затоа што сега може да компарираме како народ – ја опишува состојбата во општеството во последнава година Ацо Станковски, уметник, но и колумнист и активен аналитичар на општествено-политичките случувања во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст