| четврток, 6 декември 2018 |

„Не сум педофил, само сакам да се допишувам со девојчиња“, ги демнат на интернет, им нудат секс

Настанот кој ја зави цела Србија и регионот во црно, грозоморното силување и убиство на малата Ангелина од Зајечар, создаде паника кај родителите особено бидејки денеска има секакви монструми кои на различни начини, а најчесто преку социјалните мрежи, се обидуваат да дојдат до децата.

Девојка која се претставила како Јеца 2002, 14-годишна малолетничка расположена да се допишува со мажи, за две минути добила понуди од 20 мажи. И рекле дека имаат 58, 45, 42 години…Најчестото прашање било дали тоа ти пречи?

– Не сум педофил само сакам да се допишувам со млади девојчиња, имаш 14 години, но изгледаш како девојка, а не како дете…биле само дел од пораките кои ги добила веднаш.

Психолозите велат ова е голем проблем и децата треба да се заштитат особено на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top