Џихадистите од Исламската држава соопштија дека загинал еден од нивните главни водачи, Омар ал Шишани, викан Чечен.
Агенцијата Амак, која е поврзана со Исламската држава, објави дека Омар ал Шишани бил убиен во ирачкиот град Шарка, каде што се борел против ирачките сили кај Мосул, град што е главно упориште на џихадистите во северен Ирак.
Инаку, информации за смртта на Омар ал Шишани беа објавени уште во март, кога пентагон соопшти дека тој починал од повредите со кои се здобил како последица на воздушен напад на американсиите сили во североисточна Сирија.
Вест за неговата смрт во март, исто така, објавија и ирачките власти, односно дека тој загинал во Сирија во напад на сојузничката коалиција.
Омар викан Чечен бил еден од најистакнатите команданти на Исламската држава, а САД нудеа награда од пет милиони долари за информација што би придонела за негова ликвидација или апсење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


