Откако што по кој знае пат ги прочитала озборувањата за својата наводна бременост, како и коментарите на сметка на својот изглед, холивудската актерка Џенифер Анистон одлучила на свој начин да го затвори тоа поглавје. Бидејќи не ги користи социјалните мрежи, напишала блог кој потоа го објавила на страниците на американскиот „Хафингтон пост“.
– Не сум бремена. Само ми е преку глава од сè. Мојот сопруг и мене секојдневно нè малтретираат десетици агресивни фотографи кои стојат пред нашата куќа и кои ќе направат сè само за да направат што подобра фотографија, не гледајќи дали ќе не повредат нас или некој случаен минувач – напишала Џенифер во блогот кој го нарекла „Да се знае“ (For The Record), откако по којзнае кој пат почнало да се пишува дека славната актерка е бремена со својот сопруг Џастин Теру.
– Ако веќе сум некој модел и пример на некои луѓе низ светот, важно е каква слика за мене се продуцира. Па девојчињата од мали ги пронаоѓаат своите модели во светот на славните. Што ние правиме. Им даваме до знаење дека жените се убави само ако се неверојатно тенки? Дека не се воопшто вредни ако не се супермодели или актерки на насловните на магазините? Што се постигнува со таблоидите? Само шпекулации. Дали е бремена? Дали јаде премногу? Дали се запуштила? Дали бракот ѝ е во криза, бидејќи на фотографиите се чини како на лицето да и се гледа тага? Со години самата си зборував дека таблодите се како стрипови и дека не треба да се земаат сериозно. Но, сега повеќе не можам самата себе да се залажувам, особено последните месеци. Зарем навистина ја гледаме вредноста на жената според нејзиниот статус дали е мажена или не е, и дали родила или не? Ние сме комплетни личности со или без сродна душа, со или без дете – напишала Џенифер Анистон во блогот и додала:
– Да, ќе бидам мајка еден ден и вие први ќе дознаете, но не сум во потрага по мајчинството – заклучила Џенифер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.