| четврток, 6 декември 2018 |

Рокфелер советува: Еве како да се збогатите

Џон Рокфелер донирал повеќе од 500 милиони долари за добротворни цели. Тој е познат и со дванаесетте совети кои смета дека би помогнале на секој да си помогне за финансиските проблеми и да стане богат, успешен човек.

Прочитајте можеби ќе ви помогнат…

1. Работи помалку за друг и повеќе за себе. Колку помалку работиш за себе, толку полошо ќе живееш.

2. Штеди пари. Барај каде можеш да купиш производи поевтини или со попуст.

3. Ако имаш малку пари, започни бизнис. Ако воопшто немаш пари, треба да почнеш бизнис веднаш.

4. Патот кон богатството е само преку пасивниот приход кој доаѓа кај тебе независно од напорите. Направи извор на пасивни приходи и живеј за свое задоволство.

5. Мисли како да се заработи минимум 50 000 долари месечно. Може и повеќе, но не и помалку.

6. Парите ќе доаѓаат кај тебе преку други луѓе.

7. Опкружување со сиромашни луѓе секогаш те води кон сиромаштија. Задолжително треба да комуницираш со победници и оптимисти. Токму така, со големи печатни букви!

8. Сиромаштијата доаѓа, ако бегаш од одговорност.

9. Проучувај ги биографиите и мислите на најбогатите луѓе на светот.

10. Соништата се најглавното нешто во твојот живот. Човек почнува да умира кога престанува да сонува.

11. Помагај на луѓето не за пари, туку со чисто срце. Но, само на луѓе, на кои ти сакаш да помогнеш. Давај 10% од своите приходи во добротворни цели.

12. Создавајте бизнис системи и уживајте во нивните пари!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top