| четврток, 6 декември 2018 |

Ако треба и смртна казна за мојот син Владица – проговори мајката на монструмот од Заечар

vladi

Србија, но и целиот регон ги згрози информацијата дека Владица Рајковиќ на прославата на првиот роденден на својата внука во саботата на 9 јули на измама ја грабнал, сурово силувал и крвнички истепал до смрт Анѓелина Стефановиќ(3). Откако е приведен, признал дека со голи раце ја задавил и Драгана Станковиќ, жената со која живеел, а нејзиното тело го замотал во крвав јорган и го фрлил во Тимок.

-Мајка му е на седативи, од неделата плаче. Слушнав за смртната казна рекла „ДА“, ако треба да се воведе нека се воведе – откриле соседите на ова семејство.

Нејзиниот сопруг го викал Владица Рајковиќ да дојде кај нив во Ресник и му нудел пари, но овој не сакал.

-Пред десетина години знам дека бил во Белград да ја запознае својата полусестра, но се раскажува дека не сакал да ја види мајка си. Знам и дека Перица, братот на Владица, беше во постојан контакт со таа полусестра, додека не се ожени- додал соседот.

vladi2

Тој додал дека мајката не ги напуштила, туку дека морала да си оди, бидејќи таткото на Владица бил насилен.

-Слушнав дека Зорица нема ниту една фотографија од детството на Владица и Перица, своите синови од првиот брак- изјавил соседот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top