| четврток, 6 декември 2018 |

Погледнете како психопатите го победуваат полиграфот

Најмонструозните злосторства во светот, па и кај нас ги прават психопати! Тие имаат сочуван рачио, некогаш е мошне интелегентни, но немаат емоции.

Затое се и поопасни. Во нивниот случај полиграфот е немоќен. Тоа се покажа и кај Владица Рајковиќ кој силуваше и уби тригодишно девојче, а дваесеттина дена пред тоа и Драгана Станковиќ.

Тој бил испитуван поради исчезнувањето на Станковиќ, дури и на детектор за лаги, но машината не покажала дека има врска со тој случај. Дури откако бил уапсен поради монструозното злосторство кое го направи над детето, го призна убиството на соседката.

– Психопатот нема емпатија, чувство за вина или морална ограда. Тие не чувствуваат страв, агресивни се и безчувствителни за човечкото страдање. Имаме работа со првокласни лажговци кои немаат страв од тоа-ја опиша разликата меѓу „обичните“ лажговци и психопатите, Драган Мијовиќ, занемик на началникот на Националниот криминалистичко-технички центар во Министерството за внатрешни работи во Србија и еден од најголемите авторитети меѓу полиграфистите во Европа.

Првите, вели „ги фаќа“ полиграфот, а кај другите е немоќен.

Секое тестирање на „детекторот за лаги“ почнува исто. Му претходи разговор меѓу оној кој се тестира и полиграфистот. Врз основа на телесните реакции, кои „ги чита“ детекторот за лаги, полиграфистот погодува дали личноста која се тестира ја кажува вистината. Освен тоа доколку наспроти него седи психопат-тогаш нема реакција! Не се знае дали ја говори вистината или лаже.

Тоа лаички накусо би била разликата меѓу лажгото и психопатот. Овој првиот не може „ да ја измами“ машината и несвесно се издава. Психопатот не. Тој има иста реакција на изговорената измама, но и на вистината. разлика не постои.

Полиграфопт, практично е нов страв од откривање на лагата. Кога некој ќе каже нешто што не е вистина, тој чувствува тежина и страв и тоа ќе биде откриено. И има телесни реакции, како забрзана работа на срцето, потење, промена на крвниот притисок, ритамот и длабочината на дишењето, оксидација на крвта…Кај психопатите таквите реакции изостануваат. Тоа, меѓутоа не значи дека таквата личност е невина.

Тука е всушност и замклата, бидејќи треба да се воочи дека станува збор за психопат, а не за невин човек и да се ослободи од вината. Потребни се долги криминалистички методи за докажување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top