Пред неколку дена Викторија Бекам објави фотографија на Инстаграм со која ѝ го честита роденденот на својата ќерка Харпер Севен. На фотографијата мајката и ќерката се во вода и се бакнуваат во уста.
Иако многумине се сложуваат дека фотографијата е прекрасна и прикажува топла мајкчинска љубов, мнгу следбеници, сепак, не се сложуваат дека мајка и дете треба да се бакнуваат во уста. Иако на крајот фотографијата успеа да собере половина милион лајкови, направи вистински хаос на социјалните мрежи.
„Го бакнувам детето во уста. Не можам да верувам дека оваа прекрасна фотографија крена толкава прашина. Политичка коректност во најлоша форма“, ја брани една обожавателка.
„Убаво е ова, но не би требало да ги бакнувате децата во уста. Не сакам да бидам груб, но така е“, коментира друг.
„Мислам дека ова е малку болно“, поотворено коментираат трети.
„Каде отиде светов, кога мајка не смее да си го бакне детето во уста. Многу тажно.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.