| четврток, 6 декември 2018 |

Барањето на кичевци се реализира: 131 дефектолог до септември со решенија за вработување

sostanok-defektolozi-640x386

На вчераната средба со градоначалници и претставници од разни претпријатија на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, му беа презентирани барањата на граѓаните од теренските посети.

Граѓаните во Кичево, информира заменик-министерот за образование Спиро Ристовски, при теренската посета во Кичево побарале вработување на дефектолози, а согласноста за вработување на 131 дефектолог е веќе потпишана.

-72 се завршени, односно толку дефектолози се вработени во моментов. За останатите процедурата е во тек и очекувам заклучно со септември сите да бидат завршени, што значи речиси и ќе нема невработени дефектолози, рече Ристовски.

Груевски посочи дека со ова се решава голем долгогодишен проблем за дефектолозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top