По осум и пол години поминати на „Енфилд Роуд“, Мартин Шкртел реши да го напушти Ливерпул. Искусниот 31-годишен дефанзивец ја прифати понудата и во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче. Тој синоќа пристигна на аеродромот во Истанбул и веднаш доби шал со боите на Фенербахче.
– Искрен да бидам не очекував толку многу интерес за моето доаѓање. Среќен сум што сум тука. Ливерпул е европски гигант, но и Фенербахче е многу стабилен клуб кој брзо ќе расте во европски рамки – рече Шкртел.
Во кариерата во Ливерпул, дефанзивецот одигра повеќе од 300 мечеви за некогашниот англиски и европски првак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.