| четврток, 6 декември 2018 |

Бунт на затворениците: Дајте го ваму монструмот да го заколeме!

Во затворот во Заечар изби бунт на затворениците кога се дозна дека ќе им пристигне Владица Рајковиќ, монструмот од Вратарница, кој во саботата ѕверски ја силуваше и ја уби малечката Анѓелина Стефановиќ (3).

Затворениците се заканија дека ќе го изобличат и заколат монструмот штом ќе дојдат до него, па Владица поради големиот безбедносен ризик е сместен само во ќелија и под строг надзор на чуварите.

18_1000x0

Рајковиќ во понеделникот околу 22.30 часот по сослушувањето во заечарскиот виш суд е префрлен во притворската единица на општинскиот затвор.

Веста за доаѓањето на Рајковиќ брзо се проширила меѓу затворениците.

-Сите веднаш почнаа да викаат дека ќе го убијат ако го видат. Некои дури и побараа Владица да го сместат во нивната ќелија за да му приредат „добредојде“.

Тропале и викале дека ќе го силуваат, заколат… Ситуацијата била многу напната и мерките за безбедност биле на највисоко нивно, вели извор од затвор.

Во Управата за извршување санкции не сакале да го коментираат бесот на затворенците. Рекле дека Рајковиќ е сам во ќелија и е под 24-часовен надзор од стражарите.

-Веднаш по доаѓањето во притворската единица е извршен прием и лекарски преглед. Рајковиќ е мирен, нормално јаде, спие и се придржува кон куќниот ред. За сега не оди да прошета од безбедносни причини. Бидејќи никој од роднините не му донел облека и средства за хигиена, Управата му го обезбедила тоа – велат од таму.

Да потсетиме Рајковиќ е уапсен откако ја силуваше, а потоа брутално ја уби тргодишната Анѓелина Стефановиќ.

Стручњаците што разговарале со него велат дека има лесна ментална ретардација, но сепак дека бил свесен за своите постапки.

Малечката Анѓа е погребана денеска на локалните гробишта.

По овој немил настан неколку илјади граѓани на Србија преку потпишана петиција бараат да се воведе смртна казна во кривичниот законик на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top