| четврток, 6 декември 2018 |

Што купи турската прва дама за 50.000 долари во Варшава? (Фото)

Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган купила во Варшава антиквитети за 50.000 долари, пишуваат турските весници.

aaaaaaaaaaaaaa

Таа од познат пазар за антиквитети во Варшава купила бројни предмети и мебел од 20-те години на минатиот век, меѓу кои порцелански сервиси, маса, стол, кабинет и други работи. Овие информации ги објавија турски медиуми повикувајќи се на полските медиуми. Изданијата истакнуваат дека додека претседателот Реџеп Таип Ердоган имал официјални разговори во саботата во рамките на самитот на НАТО во Варшава, неговата сопруга поминала два часа на пазар за антиквитети во полската престолнина.

bbbbbbbbb

Турската прва дама била придружувана за време на прошетката на пазарот од полски и турски телохранители, а потоа купените антиквитети биле спакувани и натоварени во автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top