| четврток, 6 декември 2018 |

Разорен напад: Руски бомбардери уништија камп на ИСИС во Сирија

Шест стратешки бомбардери “Tu-22M3” извеле силен воздушен напад на положби на Исламската држава во централниот дел на Сирија.

tupolev_reuters_main
Министерството за одбрана на Русија потврдило дека притоа биле уништени и депоа со муниција.

Авионите долетале дури од Русија, а по завршената задача се вратиле во матичната база.

Бомбардерите, инаку стационирани во базата на југот на Русија, полетале во вторникот наутро, минале преку воздушниот простор на Иран и Ирак, а потоа извеле жесток воздушен напад на терористите источно од Палмира.

Министерството за одбрана соопштило дека за нападот претходно ги информирале лидерите на коалицијата предводена од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top