Во 18 часот и 45 минути синоќа на месноста „Сеферов бунар“, поточно во непосредна близина на железничката пруга Кичево – Скопје, бил пронајден починат маж. Спорд податоците од полицијата се работи за 66-годишниот С.М. од Кичево, кој имал повреди на главата, и лежел во крв.

Од разговорите кои полицијата ги направила со семејството на починатиот, било утврдено дека околу 12 часот излегол од дома и со себе понел рачна количка, рачна пила и секира, по што се упатил кон селото Трапчин Дол за да собира дрва. Во критичниот период на Железничката во Кичево пристигнал воз со товарни вагони кој заминал за Скопје.
По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Полицијата работи на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


