Адријана Лима повторно е сама. Таа ја објави разделбата од Џо Томас, со кого беше во врска една година.
Лима и Томас почнаа да се забавуваат во почеток на 2015 година, но неодамна љубовната приказна заврши, а Лима ги отстрани сите „докази“ за нивната љубов од „Инстаграм“.
Извор што ги познавал вели дека тоа не е ништо чудно бидејќи имале многу проблеми во последно време.
Адријана и Џо последен пат беа видени заедно на галата-прием во Кан во мај.
По разделбата, Лима ужива со пријателки и едната ќерка на Миконос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.