Министерката за енергетика на Велика Британија, Андреа Лидсом се повлече од трката за нов лидер на Конзервативците, со што се отвора патот за министерката за внатрешни работи, Тереса Меј да го наследи Дејвид Камерон.
Како што вели Лидсом, таа не уживала голема поддршка за да води цврста и стабилна влада и затоа се повлекува.
На Меј пак и посака голем успех при имплементирањето на Брегзитот.
Лидсом воедно и се извини на Меј и за интервјуто во кое таа претходно порача дека е подобра кандидатка бидејќи е мајка, за разлика од Тереса Меј.
Резултатите од гласањата на 150.000 членови на Конзервативната партија за идниот лидер треба да бидат објавени на 9 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст